внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Продолжен колективниот договор на Македонски Телеком

15.04.2014

Почитувани колеги,
Сакаме да Ве информираме дека на ден  26.03.2014 година, Одборот на директори на МКТ и Синдикалната Организација на МКТ извршија усогласување и продолжување на важноста на Колективниот Договор на МКT.

Усогласувањето е извршено во однос на  Општиот Колективен Договор за приватниот сектор од областа на стопанството во Република Македонија  и со измените во Законот за работни односи (“Сл. Весник на РМ” бр. 34/2014-пречистен текст). 

Исто така во колективниот договор е опфатена и новата организациска поставеност на компанијата и новата поставеност на работните места согласно со HAY методологијата.

Колективниот Договор кој стапува на сила од 10 април 2014 година има важност од две години односно до 10 април 2016 година.

Пречистениот текст на Колективниот договор на МКТ и Прилогот бр.1 “Систем  на основни бруто плати на МКТ “ кој е составен дел на истиот, се наоѓа на линкот подолу.

Колективен Договор 2014-2016

Корисни линкови