внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Раскинување на договорот за вработување со спогодба

09.07.2010

Врз основа на член 2 од Колективниот договор на MКТ, МКТ и Синдикалната Организација на МКТ, како страни во Колективното преговарање, ја склучија следната 


                                     С П О Г О Д Б А

за годишни колективни преговори за усогласување на интересите за 2010 година за утврдување на услови за доброволно заминување од МКТ со раскинување на Договорот за вработување со Спогодба

                                             Член 1

Двете страни потписници на оваа Спогодба, како страни во колективното преговарање, потврдуваат дека согласно член 2 од Колективниот договор на МКТ, а согласно член 6 од Спогодбата за годишните колективни преговори за 2009 година (број 43/1 и 01-347961/1 од 29.07.2009 година) како и писменото известување од страна на Синдикалната организација на МКТ (бр. 79/1 од 01.12.2009 година) и писменото известување донесено и доставено од страна на овластено лице од МКТ (бр. 040-568541/1 од 15.12.2009 година), ги отпочнаа колективните преговори за усогласување на интересите за 2010 година, при што во рамките на истите ја утврди темата (прашање) предмет на овие колективни преговори и тоа:

1. Услови за доброволно заминување од МКТ

Во однос на оваа тема (прашање), двете страни со договорија како што следи:

1.1 Доколку, во текот на 2010 година, некој работник изрази спремност за доброволно заминување од МКТ и неговото барање биде прифатено од страна на работодавачот, или на работникот му биде понудено доброволно заминување од МКТ од страна на работодавачот и работникот се изјасни позитивно, престанокот на работниот однос во двата случаи ќе биде со склучување на Спогодба за раскинување на договорот за вработување.

Условите за Спогодбеното раскинување на договорот за вработување се како што следи:

* До 10 години работен стаж, правото на испратнина се утврдува во висина од 1.000 Евра, за полна година работен стаж остварен во МКТ.

* Над 10 години работен стаж, правото на испратнина се утврдува во висина од 1.600 Евра, за полна година работен стаж остварен во МКТ, но не повеќе од 22.500 евра.

* Висината на испратнината за полна година стаж остварен во МКТ е утврдена во нето износ, а ќе се исплаќа во денарска противвредност пресметана по средниот курс на Народна Банка на РМ на денот на исплатата, за што работодавачот ќе плати персонален данок на доход. 

* Како период за утврдување на исполнување на полна година работен стаж се зема тековната година заклучно со 31.12.2010 година. 

* Доколку на некој работник, кој изразил спремност за доброволно заминување од МКТ, неговото барање не биде прифатено од страна на работодавачот од причини на страна на работодавачот (потреба од работникот поради зголемен обем на работа, работа на одреден проект, работни активности кои што се сврзани со рок и сл.) и доколку до крајот на тековната година, работодавачот оцени дека се створиле услови за прифаќање на барањето на работникот за доброволно заминување од МКТ, а кај работникот се уште постои спремност за доброволно заминување од МКТ, во тој случај двете страни можат да пристапат кон склучување на Спогодба за раскинување на договорот за вработување.

Одредбите од точка 1.1 на овој член се однесуваат на вработените во МКТ кои што се во работен однос пред спроведување на процесот на можни идни статусни промени во МКТ.

                                             Член 2

Оваа Спогодба влегува во сила со денот на нејзиното донесување, а ќе се применува од 01.06.2010 година.

Mакедонски Телеком АД                                 СO на

                                                        Македонски Телеком АД

Главен Извршен Директор                     Главен Повереник

Николај Бекерс                                            Јордан Сандев

Корисни линкови