внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Отпочна процесот на годишните колективни преговори за 2010 година

22.02.2010Почитувани колеги, врз основа на член 2 точка 1.2. од Колективниот договор на компанијата, а согласно член 6 од Спогодбата за годишните колективни преговори за усогласување на интересите за 2009 година, Ние како Синдикална организација на МКТ, со претставниците на Македонски Телеком АД Скопје, започнавме колективни преговори за 2010 година.

Прашањата кои што се предмет на преговори за 2010 година се следните:

1. Плати во 2010 година,

2. Број на вработени во компанијата во 2010 година,

3. Усогласување на Колективниот договор согласно Спогодбата за усогласување на интересите за 2009 година,

4. Процесот на синергија (статусни промени - присоединување) на Т-Мобајл,

5. Одредени прашања од социјален карактер и мерки што ќе се однесуваат за 2010 година.


Со почит,

Јордан Сандев

Претседател

Синдикална организација на МТ

Корисни линкови