![]()
Работникот работи на работно место за кое склучил договор за вработување со работодавачот (чл. 11)
Работникот има право на додатоци на плата врз основа на посебните услови на работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време (чл. 59)
Јубилејните награди по правило се исплатуваат во месец мај во тековната календарска година, а правото по основ на стаж (чл. 75)
Годишниот одмор може да се користи во два дела. Вториот дел во непрекинато траење најдоцна до 30 јуни наредната година (чл. 28)
![]()
![]()
Забрането е вознемирување и полово вознемирување
Работниот однос може да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор…
Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство…
„Работниот однос“ е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се…
![]()
Почитувани,
Би сакал да Ве известам дека на ден 11.01.2008 година (петок), во 16 часот се одржа заеднички состанок , на мое барање, со Главниот Извршен Директор г-дин Никалај Бекерс, на кој што присуствуваа и Главниот Финансов Директор г-дин Славко Пројкоски и г-дин Тони Лукановски како претставник од HR, на кој што состанок се разгледуваше актуелната состојба во компанијата предизвикана со постапката за понудување на Договори за вработување на дел од вработените во компанијата како и проблемите кои што произлегоа во однос на тоа.
На состанокот беше разгледана севкупната состојба во однос на последните случувања во компанијата кои што се поврзани со вработените при што беше постигнат заеднички договор и тоа како што следи:
1. Постапката за понудување и потпишување на Договорите за вработување да престане и вработените на никаков начин да не бидат повикувани на разговори во однос на тоа прашање со инсистирање за нивно потпишување.
2.Се утврдија приоритетните прашања за двете страни за 2008 година, кои што ќе бидат предмет на заеднички преговори и усогласување на интересите и тоа:
*Отворање на постапка на колективно преговарање и усогласување на текстот на Колективниот договор на МТ со цел негово потпишување.
*Изготвување на заедничка Програма за намалување на бројот на вработените за 2008 година.
*Прашањето за платите на вработените во 2008 година.
*Изготвување на заеднички усогласен концепт на Договор за вработување (како треба да изгледа).
*Други прашања од интерес за двете страни.
3.Преговорите ќе се водат во рамките на заедничка комисија во која секоја од страните ќе партиципира со по три претставника.
4.Рокот за затварање на овој процес е 2 месеца.
За сите натамошни информации во врска за текот на преговорите ќе се доставува редовна информација.
Синдикална организација на МТ
Главен Повереник
Јордан Сандев
Министерство за труд и социјална политика
www.mtsp.gov.mk
Закон за работни односи
преземи PDF
Државен инспекторат за труд
dit.gov.mk
Службен весник на РМ
www.slvesnik.com.mk
Сојуз на синдикати на Македонија
www.ssm.org.mk