внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Заклучок од седницата на синдикалниот одбор на со на МТ

27.11.2007Синдикалниот Одбор на СО на МТ, на својата седница од 26.11.2007 година, а во врска со продолжувањето на Програмата за доброволно заминување на вработените од АД МТ, го донесе следниот

                           З А К Л У Ч О К

1. Синдикалниот одбор останува во целост на ставот изнесен во дописот до вработените на ден 22.11.2007 година.

2. Синдикатот ќе го почитува рокот до 14.12.2007 година за продолжување на Актуелната Програма во Компанијата и со никакви свои активности нема да го попречува нејзиното спроведување, под услов од страна на менаџментот да се почитува принципот на ДОБРОВОЛНОСТ, како и невршење на никакви форми на притисок према вработените од нивна страна.

3. Синдикатот е спремен повторно на дело да ја потврди својата конструктивност кога се во прашање ваквите исклучително сложени процеси во компанијата, и за таа цел спремни сме до менаџментот да се достави конкретен предлог за кој што сметаме дека ќе одговори на потребите на двете страни, и ќе овозможи ова прашање да се затвори на начин што ќе претставува заеднички интерес.

Нашиот предлог се заснова на следните основи:

1. Синдикатот и Менаџментот да започнат официјални преговори за прашањето за бројот на вработени во Компанијата што ќе ја опфатат 2007 и 2008 година и тоа веднаш од 15.12.2007 година.

2. Компанијата да обезбеди буџет во висина која ќе овозможи висок степен на реална можност за успешно затворање на ова прашање.

3. Утврдувањето на висината на отпремнината, начинот на спроведување на самиот процес, како и други прашања поврзани со него, да се изврши преку изработка на заедничка Програма, при што синдикатот треба да биде вклучен во нејзиното спроведување од самиот почеток, како и во целиот тек на нејзиното спроведување.

4. Согласно претходното спремни сме да понудиме максимална конструктивност, како и да дадеме максимален допринос во изнаоѓањето на заеднички прифатливо решение кое би било во интерес на двете страни.

5. Синдикатот сака уште еднаш да го потенцира фактот дека секое еднострано решение за ова исклучително сложено прашање, во компанијата ќе доведе до крајно несакани состојби, при што синдикатот ќе мора да се стави во заштита на интересите на вработените на начин и форма што претставуваат уставно и законско право.


СО на МТ
Главен Повереник

Јордан Сандев

Корисни линкови