внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Заклучок на синдикалната организација

03.06.2005Синдикалниот Одбор врз основа на севкупното согледување на настанатите состојби, сопствените анализи, консултации и разговори со вработените упати писмо до Атила Сендреи Главен Извршен Директор на АД МТ Почитуван г-дин Сендреи, Синдикалниот Одбор на Синдикалната организација на АД МТ на својата седница одржана на ден 27.05.2005 година, покрај другото ја разгледуваше состојбата во Компанијата во претходниот период предизвикана со спроведување на одредени активности од страна на Менаџментот, а кои се однесуваат на спроведувањето на “Програмата за управување со вкупниот број на вработени” , како и најновите активности околу Проектот наречен “МакТел Амбасадор”. Синдикалниот Одбор врз основа на севкупното согледување на настанатите состојби, сопствените анализи, консултации и разговори со вработените во однос на претходно кажаното, ја оценува моменталната состојба во Компанијата како доста сложена и напната. Несакајќи да состојбите ескалираат во несакан правец, Синдикалниот Одбор во однос на претходно кажаното го донесе следниот:
З А К Л У Ч О К
1. За Нас се апсолутно неприфатливи формите на разговор кои што се водат со вработените во изминатиот период во функција на спроведување на претходно споменатата “Програма за управување со вкупниот број на вработени” од причина што истите отстапуваат од рамките на една нормална комуникација и преминуваат во форма на притисок и закани, со крајна цел на вработените да им биде “објаснета” суштината на понудените решенија, како и да им се “помогне” во изборот на конкретното решение. Од тие причини Бараме веднаш да се престане со таков начин на разговор и да се почитува правото на слободен избор од страна на работникот, како што Ние го почитуваме Вашето право да понудите таков тип на алтернативни решенија. 2. Со оглед на фактот дека една од функциите на Синдикалната организација е заштита на правата на вработените во Компанијата, сметаме дека кај претходно посочените активности постои правен конфликт со постојните законски прописи како и одредбите од Колективниот договор што може да доведе до активности на надлежните органи и институции задолжени за оваа проблематика. Синдикалниот Одбор е во постапка за оценување на правната поставеност, односно правниот основ на сите овие активности и за истото ќе биде припремена детална информација. 3. Во функција на надминување на состојбите, Синдикалниот одбор го поканува Менаџментот на Компанијата во проширен состав на заеднички состанок во текот на месец јуни на кој би се разговарало и би се изнеле ставовите на двете страни за актуелните случувања во Компанијата, а кои се предмет на овој допис.
Со почит. Јордан Сандев Главен Повереник на СО на МТ

Корисни линкови