![]()
Работникот работи на работно место за кое склучил договор за вработување со работодавачот (чл. 11)
Работникот има право на додатоци на плата врз основа на посебните услови на работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време (чл. 59)
Јубилејните награди по правило се исплатуваат во месец мај во тековната календарска година, а правото по основ на стаж (чл. 75)
Годишниот одмор може да се користи во два дела. Вториот дел во непрекинато траење најдоцна до 30 јуни наредната година (чл. 28)
![]()
![]()
Забрането е вознемирување и полово вознемирување
Работниот однос може да престане само на начин и под услови утврдени со закон и колективен договор…
Забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство…
„Работниот однос“ е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се…
![]()
1. Во однос на процесот на реструктуирање на несуштинските дејности во МТ нашето мислење е дека кон истите не се пристапува сериозно и темелно со дефинирана финансиска подршка, со долгорочно утврдена динамика и временски период на спроведување кои би давале можност за квалитетно спроведување. Истовремено, се презентираат намерите на Компанијата за дополнително намалување на бројот на вработените во Компанијата во 2004 год. кој број изнесува 500 вработени без притоа да има соответни анализи и показатели за оправданоста или реалноста на ваквата намера на Компанијата.
Сето ова доведе до состојба на висока тензија и нервоза помеѓу вработените што во крајна линија може да има негативно влијание на севкупните состојби во Компанијата.
2. Истовремено, во Компанијата долго време се присутни одредени состојби за кои сметаме дека се апсолутно неприфатливи и тоа:
- Имаме состојба на неспроведување на обврската на Работодавецот за правото на информирање на Синдикатот и вработените за прашања утврдени во член 61 од Колективниот договор на МТ.
- Колективниот договор не е завршен во сите негови одредби веќе 20 месеци, а обврската согласно член 176 став 3, истото требаше да се направи во рок од 6 месеци од неговото потпишување на 08.03.2002год.
- Перманентно се вршат организациски промени со Одлуки на Менаџерскиот колегиум кои се со незавршена постапка, а врз основа на нив се издаваат решениа на вработените за распоредување, кои по тој основ се правно не валидни што е “non sens” и е многу негативно за Компанијата.
- Во Компанијата имаме недефинирана кадровска политика и политика на вработување при што недоволно се користат внатрешните ресурси, така што “ институцијата интерен оглас” е сведена на “pro forme” , а нејзината основна цел треба да биде во функција на искористување на внатрешните човечки ресурси.
- Во Компанијата нема изградено систем за внатрешна флуктуација на вработените по примерот на Дојче телеком ( Услужна агенција за Човечки ресурси) чија основна цел би била да овозможи на вработените на кои им се менува полето на активност да добијат соответна обука за да се прекфалификуваат за нови работни задачи во Компанијата, согласно процесите на промени.Ова е една од основните функции на Функционалната област за Човечки ресурси во секоја современа Компанија.
- Прашањето за акциите на вработените е сеуште отворено иако сметаме дека Работодавецот можеше на одреден начин да помогне за негово побрзо решавање.
3. Посебно би го издвоиле прашањето околу усогласувањето на Платите на вработените во Компанијата за 2004 год. Со оглед дека во разговорите за усогласувањето за 2003 год. постигнавме согласност за неменување на вредноста на бодот од причина што работодавецот немаше планирано сретства во буџетот за таа намена, не би сакале истото да се случи и за 2004 год. бидејќи, како аргумент за нас би бил неприфатлив. Затоа сметаме дека е потребно во Буџетот за 2004год. да се планираат сретства за таа намена или во него да се предвиди можност за ребаланс во делот за плати во висина на усогласувањето што би се постигнало во јануарските преговори 2004-та год.
Сето претходно изнесено претставува сублимат од заедничката седница и претставува дел од севкупниот амбиент во Компанијата, амбиент во кој би требало да се одвиваат процесите на промени. За нас прашањето за потребата од отпочнување или воведување на промени во Компанијата како процес никогаш не е бил спорен, меѓутоа спорен е бил начинот на нивното спроведување. Затоа сметаме дека е неопходно создавање на тој потребен амбиент кој ќе овозможи нормално спроведување на процесите со нормален развој на настаните.
Кои се потребните предуслови за тоа:
1. Целосна примена на член 61 од Колективниот договор на МТ во поглед на правото на целосно и навремено информирање на Синдикатот и враб отените за сите прашања и на начини содржани во него.
2. Колективниот договор да се заврши во целост како во делот на отворените прашања, така и во имплементирање на измените во законот за работни односи извршени во 2003 год.
3. Процесот на усогласувањето на интересите за 2003 год. согласно член 4 од Колективниот договор да се верификува со потребните документи.
4. Во Деловниот годишен план за 2004 год.да се предвиди:
4.1.По однос на процесот на реструктуирање:
- дефинирање на дејностите кои ќе имаат карактер на несуштински и кои ќе бидат предмет на усогласување;
- да се утврди буџет за финансиска подршка со Програма за подршка на вработените кои ќе бидат погодени со процесите на промени.
4.2. По однос на Прилозите на Колективниот договор со кои се утврдени правата на бенефиции за вработените да се утврди буџет за остварување на истите.
4.3. Прашањето за усогласување на платите за 2004год. согласно член 4 од Колективниот договор да биде третирано на начин даден претходно (во точка 3.)
Врз основа на претходно кажаното Синдикалната организација на МТ остана на својот Заклучок од 26.09.2003 год. за замрзнување на преговорите во однос на процесот на реструктурирање на несуштинските дејности, со истовремено Барање за доставување на информација до Синдикалната организација на МТ за содржината на Бизнис планот за 2004 год. во делот за човечките ресурси(планираниот број и статус на вработените) и согласно член113 од Колективниот договор присуство на седницата на Одборот на директори на МТ како би можеле да ги изнесеме нашите ставови во врска со тоа.
Министерство за труд и социјална политика
www.mtsp.gov.mk
Закон за работни односи
преземи PDF
Државен инспекторат за труд
dit.gov.mk
Службен весник на РМ
www.slvesnik.com.mk
Сојуз на синдикати на Македонија
www.ssm.org.mk