Програма за економски, технолошки , структурални и слични промени во „МТ“ - во службата за хигиена
27.10.2003Одборот на Директори на А.Д. „Македонски Телекомуникации“ на својата седница одржана на 30.09.2003 год. ја усвои програмата за економски, технолошки , структурални и слични промени во АД Македонски Телекомуникации - во Службата за Хигиена.
Врз основа на член 30 од Статутот на АД Македонски Телекомуникации ( во понатамошниот текст АД МТ ), а во врска со Одлуките на Одборот на Директори бр.21169/1 од 14.09.2001 г. и бр. 2944/2 од 28.11.2001 година, со кои е утврдена потреба од воведување на економски , технолошки ,структурални и слични промени , а согласно членовите 125-130 од Законот за работни односи на РМ и член 149-158 од Колективниот Договор на АД МТ, Одборот на Директори на АД Македонски Телекомуникации на седеницата одржана на ден_____________ донесе
ПРЕДЛОГ
П Р О Г Р А М А
За економски, технолошки , структурални
и слични промени во АД Македонски Телекомуникации -
во Службата за Хигиена
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Со оваа Програма се утврдува и спроведува процесот на реструктуирање на сретствата, дејностите, и вработените кои не се врзани со основната дејност на АД Македонски Телекомуникации.
Предмет на Програмата е утврдување на потребата за воведување на економски, технолошки ,структурални и слични промени со укинување на Службата за Хигиена во АД Македонски Телекомуникации со цел да се подобри ефикасноста во работењето и подобрување на резултатите од извршувањето на редовните активности во рамките на дејноста на компанијата како друштво за телекомуникации.
Согласно Законот за работни односи и Колективниот Договор на АД Македонски Телекомуникации со оваа програма се опфатени следните елементи:
1. Анализа на постојната состојба во АД Македонски Телекомуникации
2. Причини за воведување на промените во АД МТ
3. Број и квалификациона структура на работници за чија работа престанала потребата
4. Мерки за ублажување на негативните последици од престанокот на работниот однос
5. Начин на решавање на правата на работниците за чија работа престанала потребата
6. Извори на Финансиски средства
7. Рокови и носители на реализацијата на програмата
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
1. Анализа на постојната состојба во АД Македонски Телекомуникации
Со цел да се задржи успешноста, конкурентноста и ефикасноста во работењето на компанијата , а следејќи ги трендовите на работењето во земјата и пошироко во рамките на меѓународно прифатените стандарди , произлезе потребата од целосно нов и поинаков пристап кон деловните активности на АД Македонски Телекомуникации ( во понатамошниот текст - АД МТ).
Имплементацијата на современи и ефикасни методи за организирање и развој на технологијата на работењето наложува и соодветна промена во организационата структура со укинување на несуштинските дејности што резултира со намалување на потребата од понатамошно ангажирање на работниците во тие дејности.
Од ова произлезе потреба за укинување на Службата за хигиена како несуштинска дејност на АД МТ и утврдување на мерките кои ќе се преземат за ублажување на последиците од воведување на таквите промени.
2.Анализа и причини за воведување на промените
Во врска со погореизнесеното Одборот на Директори имајќи ја предвид постојната состојба и можностите за отпочнување на постапка за укинување на несуштинските дејности во компанијата а со тоа и намалување на бројот на вработените, го одобри отпочнувањето на процесот на реструктуирање на средствата, дејностите и вработените кои не се врзани за суштинската дејност на компанијата со цел да се фокусира на основната дејност.
Со тоа основна причина за укинување на Службата за хигиена во компанијата е поефикасно искористување на сопствените ресурси во рамките на основната дејност на компанијата.
3. Број и квалификациона структура на работници за чија работа престанала потребата
Како резулат на укинувањето на службата за хигиена во која се ангажирани вкупно 99 работници, вкупниот број на работници за кои престанува потребата од понатамошно ангажирање изнесува 99 работника од вкупниот број од 3310 вработени во компанијата заклучно со денот на донесувањето на оваа програма, што преставува 3 % од вкупниот број на вработените во АД Македонски Телекомуникации.
Квалификациона структураСтаросна структураВидСтепенБрој20-304НСП - Осново образованиеИ9930-4530ВШП - Виша стручна спремаВИ145-5544Вкупно10055-6020над 602Вкупно100
Вкупен работен стажРаботен стаж во МТдо 53до 57.5-1529.5-154116-255016-253926-3010над 251331-356Вкупно100над 352Вкупно100
4. Мерки за ублажување на негативните последици од престанокот на работниот однос
Во функција на обезбедувањето на едно од правата предвидени во Законот за работни односи во чл.130 и тоа вработување кај друг работодавец без огласување на работно место, со превземемање и склучување на договор за работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, односно кавлификација (чл.130 ст.1 т.1)компанијата презема мерки за ублажување на негативните последици од престанокот на работниот однос на своите вработени во Службата за Хигиена на АД МТ преку:
Подготвителни активности за склучување на Договор за давање услуги и преземање на вработените со склучување на спогодба за превземање меѓу АД МТ и новиот работодавец за период 5години (со можност за продолжување) и како резултат на спроведена постапка за избор на најдобра компанија за вршење на ваков вид на дејност за што е оформена Комисија со учество на претставници од работодавецот и синдикатот.
5. Начин на решавање на правата на работниците за чија работа престанала потребата
Работодавецот на работниците ќе им обезбеди едно од правата врз основа на чл. 130 од Законот за работни односи, каде секој работник има право на избор , како што следи:
5.1. Исплата на паричен надомест во вид на испратнина
- исплата на еднократен паричен надомест во вид на испратнина во висина на едномесечна плата на работникот до 2 односно за секои 2 години работен стаж остварен во АД МТ, а најмногу 12 месечни плати , остварени во претходниот месец од денот на престанокот на работниот однос на работникот што се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.
Едномесечна плата претставува висината на основната плата определена во Решението за распоредување и плата на работникот, зголемена за 15% променлив дел на платата.
5.2. Вработување кај друг работодавец без огласување на работното место, со превземање и склучување договор за работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, односно квалификација
Во постапката за преземање на работниците од друг работодавец, АД МТ на своите вработени ќе им обезбеди работа од истиот вид на дејност имајќи ги во предвид следните услови:
- вработување кај новиот работодавец на неопределено време со склучување на договор за работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, односно квалификација,
- задржување на правата од работен однос, социјално, пензиско и здравствено осигурување,
- редовна исплата на плата и сите надоместоци на плата кои се применуваат кај новиот работодавец и тоа:
• Основна плата,
• 0,.5 % додаток на основна плата на име минат труд , за секоја година работен стаж, но не повеќе од 20 %,
• Право на надоместок на плата(год.одмор, празници утврдени со закон и др.),
• 35 % додаток на основна плата на име прекувремена работа,
• 35 % додаток на основна плата на име работа ноќе,
• 50 % додаток на основна плата на име работа во државен празник,
• Право на дневен , неделен и годишен одмор,
• Надоместок за хранарина и превоз , според Општиот колективен договор,
• Надоместок на плата по однос на боледување , согласно позитивната законска регулатива,
• Право на платено отсуство до 7 дена во текот на годината,
• Право на отсуство од работа без надоместок на плата,
- заштита од престанок на работен однос со отказ поради економски, технолошки, структурални или слични промени.
Обезбедување на наведените барања ќе се остварат со посебна одредба во Договорот склучен со новиот работодавец како услов за преземање на работниците.
Работниците ќе имаат можност да се определат за едно од правата содржани во оваа програма што ќе биде земено во предвид за при определувањето на работниците за чија работа престанала потребата согласно чл. 152 од Колективниот Договор на АД МТ.
Рокот за изјаснување на работниците за едно од горенаведените права ќе изнесува 8 дена од денот на известување, согласно чл. 152 од Колективниот Договор на АД МТ.
Доколку работниците во предвидениот рок од 8 дена не достават барање за престанок на работниот однос со обезбедување на едно од правата содржани во оваа програма постапката ќе продолжи со примена на правото за вработување кај друг работодавец како погоре под точка 5.2.
По изјаснувањето на работниците за едно од правата предвидени во оваа Програма, Одборот на Директори ќе донесе Одлука за престанување на потребата од работа на работниците по што ќе се постапи согласно член 127 од ЗРО и член 153 од КД на АД МТ,а работниците на кои ќе им престане работниот однос, ќе бидат извесени со поединечни известувања и решенија донесени од Главниот Извршен директор во рок од еден месец пред престанокот на работниот однос во АД МТ.
6. Извори на Финансиски средства
Финансиските средства потребни за реализација на оваа Програма ги обезбедува АД МТ од сопствени извори.
Износот на надоместокот во вид на испратнина на вработените кои ќе се определат за правото дефинирано во точка 5.1.оваа Програма , ќе им биде исплатен еднократно во целосен износ на денот на престанработниот однос во АД МТ со евидентирање на тоа право во работничката книшка.
7.Рокови и носители на реализацијата на програмата
Носители на реализацијата на ова програма се, Одборот на Директори на АД МТ , Главниот Извршен Директор на АД МТ односно од него овластен работник и Синдикатот на АД МТ. Реализацијата на оваа програма ќе биде распределена на носителите во рокови определени со Законот за работни односи, Колективниот Договор на АД МТ и оваа Програма ако што следи:
Одборот на Директори:
• Донесува Одлука за утврдување на потребата од воведување на економски, технолошки, структурални или слични промени .
• Донесува Програма за воведување на економски, технолошки, структурални или слични промени.
• Донесува Одлука за престанување на потребата од работа на работниците на кои ќе им престане работниот однос.
Главниот Извршен Директор:
• Ја предлага предлог - Програмата,
• Ја доставува предлог - Програмата до Синдикатот,
• Ги информира работниците за промените согласно чл. 150 од Колективниот Договор на АД МТ,
• Ја доставува предлог Пограмата до Одборот на директори за понатамошно постапување,
• Донесува поединечни решениа за престанок на работниот однос и ги информира работниците на кои ќе им престане работниот однос,
• Го известува Заводот за вработување во рок од 8 дена.
Синдикатот на АД МТ:
• Учествува во усогласувањето на Програмата со работодавецот во рок договорен помеѓу двете страни по доставувањето на Програмата,
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
АД Македонски телекомуникации и Синдикалната организација на МТ се договорија како што следи:
1. Програмата за воведување на економски, технолошки, структурални и слични промени во Службата за хигиена во АД МТ ќе биде верификувана(потпишана) од страна на овластените лица на двете договорни страни.
2. АД МТ и Синдикалната организација на МТ се договорија дека вработените во Службата за хигиена во АД МТ се интегрален дел на дејноста(услугата) чистење, а услов за вршење на оваа услуга за АД МТ за секој иден Давател на услуги ќе биде и обврската за превземање на вработените од претходниот Давател на услуги.
3. Точката 5.2 од Програмата е составен дел на Договорот што ќе се склучи со новиот давател на услугите од дејноста хигиена ________________________________________( назив на давателот на услугите).
4. Во случај на промена на одредбите од Договорот за услуги, негово раскинување од страна на АД МТ, или негово непродолжување по истекот на времето за кое е склучен, во тој случај АД МТ се обврзува претходно да ја извести Синдикалната организација на МТ за своите намери и со неа да постигне согласност околу претходно наведените дејствија доколку истите имаат влијание на статусот на превземените работници од страна на новиот давател на услугите од дејноста хигиена.
5. Доколку кај Давателот на услуги настанат одредени правни пречки во работата, неможност за извршување на превземените обврски по Договорот или дојде до раскинување на Договотот од страна на Давателот на услуги пред истекот на времето за кое е склучен Договорот, АД МТ се обврзува да постапи согласно точка 2. и 4. од Завршните одредби на оваа Програма.
6. Условите за превземање на работниците од Службата за Хигиена во АД МТ од страна на ___________________________(назив на давателот на услугите) се дадени во
АНЕКС1 и истиот е составен дел на оваа Програма и Договорот за услуги.
АД Македонски телекомуникации Одбор на Директори, Претседател Д-р Борче Давитковски |
Синдикална организација на МТ, Претседател Јордан Сандев |