Годишни усогласувања
24.02.2003Синдикалниот одбор на СО на МТ, на својата седница од 17.02.2003 година, а во врска со член 4 од Колективниот договор на АД МТ, ги утврди прашањата кои што би биле предмет на годишните усогласувања на интересите и тоа:
1.
Основна плата
2.
Анекси на Колективниот договор
3.
Систем за мотивација
4.
Подготовка на Компанијата за идните предизвици
5.
Акции за вработените
Во врска со горенаведените прашања, предлозите на Синдикатот се следните:
1.
Основна плата
Основната плата на вработените за 2003 година не може да остане на исто ниво како и во 2002 година. Синдикатот бара од работодавецот за 2003 година да се зголеми вредноста на бодот од постојните 4,2 денари на 5 денари.
2.
Анекси на Колективниот договор
Дадените предлози од Ваша страна по ова прашање за Синдикатот се крајно неприфатливи, бидејќи во целост отстапуваат од она што Комисијата го изготви, при што Синдикатот покажа голем степен на флексибилност во нивната изработка.
3.
Систем за мотивација
Материјалот за системот за мотивација за Синдикатот е неприфатлив од следните причини:
- начинот и постапката за негово донесување не беше согласно одредбите од Колективниот договор.
- во фазата на изработка на материјалот беше дадена гаранција од страна на работодавецот дека истовремено ќе се пристапи кон изготвување на нов систем на плати, што не е направено.
- предложениот систем за мотивација се базира на одземање на стекнатото право на варијабилниот дел од плата, што во услови на непостоење подготвеност на работодавецот за редефинирање или утврдување на нов систем на плати, за Синдикатот е неприфатливо.
4.
Подготовка на Компанијата за идните предизвици
За да може да се дискутира и одлучува взаемно во процес на преговори и усогласување на интереси, потребно е да бидат посочени конкретни прашања или теми за разговор, што во случајов не е направено. Вашиот предлог по ова прашање подразбира водење на дебата, што во основа отстапува од поимот преговори и усогласување на интереси.
5.
Акции за вработените
Синдикатот смета дека треба да се интензивира постапката околу затворањето на прашањето за доделените 2 отсто акции за вработените од страна на Владата на Република Македонија, во делот што како обврска го има АД МТ.
Ова се појдовните позиции на Синдикатот во рамките на усогласувањето на интересите со работодавецот. Би биле благодарни доколку го посочите терминот за отпочнување на преговорите.
Со почит,
СО на МТ
Главен повереник
Јордан Сандев