внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

XXV седница на одборот на синдикалната организација на МТ

20.01.2003Одборот на Синдикалната организација на АД "Македонски телекомуникации", на седницата одржана на 16.01.2003 година едногласно ги усвои "Правилата за организирање и водење штрајк во АД "Македонски телекомуникации". На седницата членовите на Одборот на СО на МТ ги донесоа и следните заклучоци: 1. Да се побара писмена Информација од одговорните лица во Компанијата кои се причините за неостварување на правото на Новогодишен и на Божиќен додаток, согласно член 92 став 3 точка 9 од Колективниот договор на АД "Македонски телекомуникации". 2. Да се побара писмена Информација од одговорните лица во Компанијата до каде е постапката околу спроведувањето на Одлуката на Владата, со која на вработените во АД МТ им се доделени 2 отсто акции од акционерскиот капитал на АД МТ. СО на МТ

Корисни линкови