внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Прес-конференција на синдикатот на ад "Македонски Телекомуникации"

20.01.2003Синдикатот на АД "Македонски телекомуникации" ќе организира генерален штрајк доколку на наредната седница на Одборот на директори на компанијата не се расправа за досегашното спроведување на процесот за реструктуирање на несуштинските дејности во МТ и не се почитува партнерскиот однос меѓу Синдикатот и работодавецот во сите наредни активности на компанијата, кои директно или индиректно ќе влијаат на статусот на вработените. Претседателот на Синдикатот на "МТ", Јордан Сандев на денешната прес-конференција соопшти дека оваа синдикална организација одлучила да го стави во мирување учеството во процесот на реструктирање на несуштинските дејности во компанијата. Иако менаџментот побарал Синдикатот да биде вклучен во овој процес, сепак, без да се завршат сите договарања околу понатамошното егзистирање на овие дејности во компанијата, ги повикал на состанок вработените во одделот на угостителството и им ги соопштил плановите за процесот на реструктуирање. "Оценивме дека сме изиграни и оти евентуално некој имал намера да не искористи како параван, како и дека по ваквиот развој на настаните нашето учество во работата е депласирано", рече Сандев. Со процесот за реструктуирање во несуштинските дејности се опфатени 169 лица, 67 од одделот за угостителство и 122 во одделот за хигиена. За Синдикатот на МТ, како што истакна тој, "неприфатливи се и притисоците што се вршат врз вработените во компанијата кои се повикуваат на разговор со цел спогодбено да го раскинат работниот однос со работодавецот, при што за ова им се нуди одредена финансиска бенифиција". Работниците, појасни Сандев, биле повикувани на разговори на кои им било нудено спогодбено раскинување на работниот однос, но притоа не им било објаснувано дека доколку прифатат вакво нешто тие не можат да ги уживаат правата од Заводот за вработување како невработено лице. "Никој не му спори на раководството да дојде до оценка дека има превработеност во компанијата и да презема активности, но треба да има предвид дека во сферата на нашето интересирање и дејствување е и начинот и формата на разрешувањето на овој проблем и изнаоѓање најсоодветно и најприфатливо решение", рече тој. Според Сандев, "не може да се случи некој работник да замине од Телекомот и утре да биде социјален случај, туку ако треба луѓето да си одат тоа треба биде достоинствено", Потсетувајќи дека Владата е сопственик на 47 проценти од МТ, тој истакна дека таа мора да земе учество во надминување на разликите меѓу Синдикатот и менаџментот, кои можат да резултираат со несакани последици. Овој Синдикат, соопшти тој, се оградува од делот на неодмнешното соопштение од Иницијативниот одбор за спас на МТ во кој се најавуват евентуални деструктивни потези за прекинување на телефонскиот сообраќај.

Корисни линкови