внесете ја Вашата email адреса и ќе добивате известувања за најновите активности и новости

helen doron Посетете не:
Хелен Дорон English - Кисела вода

Прилог кон одговорот бр.50723/1 од 29.10.2002 година

20.01.2003Почитуван господине Сендреи, Ве известувам дека Одборот на Синдикатот на МТ, на својата седница од 01.11.2002 година ја разгледуваше новонастанатата состојба со активноста за остварување на финансиска бенефиција отпочната од страна на работодавецот на ден 25.10.2002 година и неофицијалната активност за намалување на бројот на вработените во организационите делови во Компанијата. Причината за посебниот приод кон претходно наведеното од страна на Синдикатот се доставените писмени обраќања од вработените со нивно барање за заштита. По тој повод Одборот на Синдикатот Ви поставува едно единствено прашање: Дали имате целосни сознанија господине Сендреи, што се случува во Компанијата и каква е состојбата меѓу вработените како резултат на горенаведените активности? Одборот на Синдикатот смета дека го има правото да даде одговор на ова, а Ваше е правото да ја констатирате валидноста и вистинитоста на изнесеното. - Работодавецот или некој во негово име отпочна активност за остварување на финансиска бенефиција, повикувајќи се на одредби од Колективниот договор, а притоа нечувствувајќи морална обврска да го запознае за тоа партнерот со кого го склучил КД. - Самата активност е крајно нестручно и непрофесионално обмислена и водена, при што не е водено сметка за личниот интегритет на вработените дека најпрво се луѓе и личности, а после работници. - Не е почитуван принципот на доброволно пријавување, кој е основен критериум во Вашиот оглас, туку се тргнува во насилнички поход низ градовите во државата со претходно подготвени списоци на селектирани имиња на работници, без претходно да се знае кој тоа, кога, во чие име и врз основа на кои критериуми ја направил ваквата селекција. - Разговорите со селектираните вработени водени од страна на олеснувачите на оваа активност изобилуваа со нелогичности, пресија и закани со цел да се принудат вработените да ја прифатат атрактивната понуда, бидејќи во спротивно ќе бидат прогласени за технолошки вишок. Ова претставува елементарно непознавање за тоа што е возможно или невозможно, а жалосно е што доаѓа од функционална област чија основна задача е да го знае тоа. - Сето ова доведе до состојба на голема вознемиреност кај вработените, состојба на стрес и нервоза што негативно се рефлектира на тековните активности и извршувањето на работните задачи. Да биде иронијата поголема, сите овие вработени, како и останатите, добија лично писмо од Вас, господине Сендреи, во кое барате да Ви ја дадат нивната доверба за остварување на заедничките цели, бидејќи се највредниот ресурс во Компанијата. 2. Во однос на неофицијалната и нетранспарентната активност за намалување на бројот на вработени во организационите делови во Компанијата која се води од страна на менаџерите, а која претставува продолжување на претходно изнесеното, сметаме дека е надвор од законската регулатива и одредбите од КД на Компанијата. И овде се користат истите методи, дури и подрастични, упатени до раководителите на групи со уцени, суспензија и закани со откази доколку не го достават потребниот број на работници за категоријата вишок. Се прашуваме, господине Сендреи, каде е овде моралот и етиката на нашите менаџери и дали воопшто знаат што тоа во основа значи. Веројатно не се запознаени со Кодексот за етичко и деловно однесување на вработените во МТ или пак мислат дека имаат статус на посебно вработени за кои важат некои посебни норми на однесување. Врз основа на сето претходно изнесено, Одборот на Синдикатот ги донесе следните ставови: 1. Активноста финансиска бенефиција ќе ја сметаме за валидна, исклучиво ако е спроведена врз основа на принципот доброволно пријавување. Во спротивно, за Синдикатот таа е невалидна. 2. Активноста намалување на бројот на вработени во организационите делови за Синдикатот е невалидна и бараме работодавецот веднаш да ја прекине. 3. Продолжувањето на овие активности надвор од одредбите на КД ќе доведе до активности за заштита на правата на вработените од страна на Синдикатот.
Со почит
СО на МТ,
Претседател
Јордан Сандев

Корисни линкови